Денеска во Струга две бесплатни претстави по повод Светскиот ден на театарот

- Локални
158

По повод 27-ми март, Светскиот ден на театарот,  денеска во фоајето на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржат две театарски претстави за деца.

Првата претстава е драматизација на народната приказна „Тројцата токмаци“ во соработка со ОУ “Јосип Броз Тито“ – Струга, а во неа учествуваат: Ирена Пејоска, Софија Пејоска, Леонид Пејоски, Горазд Пејоски, Теодор Размоски, Лука Мангоски, Бошко Славкоски и Михаил Пејоски.

Втората претстава,  во организација на драмското студио Цвет75, е  насловена „Ќерките на Фроса“ – по текст и режија на Драгана Боцеска. Играат: Климентина Глигороска, Лина Боцеска, Мила Милошевска, Климент Размоски, Александра Петреска, Лука Наум Костадиноски.

Влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари