Денеска во Струга Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

- Локални
253

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

По јавната расправа која вчера се одржа во големата сала на Општина Охрид, денеска, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи расправа и во Општина Струга.

Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:

– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и
– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.

Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата е изработен согласно Студијата за валоризација која ги детерминира природните вредности на подрачјето.

Facebook Коментари