Денеска во Струга полициски службеници од Отсекот за превенција го отпочнаа превентивно-едукативниот проект „Булинг и сајбер булинг”

Денеска (12.12.2023 година), полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Струга на подрачјето на Струга го отпочнаа превентивно-едукативниот проект „Булинг и сајбер булинг”. Првите интерактивни предавања се одржаа во основното училиште „Јосип Броз Тито” во Струга, при што на учениците од осмо и деветто одделение прецизно им беа објаснети поимите булинг и сајбер булинг, како и појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија. Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: Архива
StrugaOnline

