Јован Јованов после 14 години повторно запеа и тоа во дует со Пајак-Промовиран спотот на новата верзија на новата верзија на „Магија“

- Музика
387

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година “Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација.

По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно ќе ми треба магија, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајачето сеуште ја нема хаха..

За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо.

Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.

На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat.

Спотот е промовиран на јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во магазинот Бекстејџ на Телма ТВ.

Погледнете го спотот за “Магија” во дует со Пајак и Јован, кој за неполни 24 часа високо котира на трендинг листата на јутуб…

StrugaOnline

Facebook Коментари