По повод 158 години од излегувањето на Зборникот на народни умотворби на Браќата Миладиновци ( Загреб 24.о6.1861 ), на 3, 4 и 5 јуни 2019, во Струга се одржа 13-та Меѓународна литературна манифестација „Година на есејот“. На книжевната манифестација учествуваа есеисти, теоретичари и писатели од Балканот и Европа.
Свеченоста на Академијата започна со полагање цвеќе на споменикот на Браќата Миладиновци и на бистата на Јосип Јурај Штросмаер.
Свеченото отворање на 13.-та Меѓународна литературна манифестација „Година есејот 2019“,што ја организира Медитеранската Акаедмија „Браќа Миладиновци“-Струга чии директор е писателот Разме Кумбароски, започна со ОДА: „Т,га за југ“ на композиторот Зафир Хаџиманов.
Литературниот портрет на Лауреатот – Современиот турски есеист и писател Метин Ченгиз, одржа Ерол Туфан, писател од Турција.
Во чест на Лауреатот беше одржан камерен концерт и истовремено му беше врачено Меѓународното литературно признание „Академија на Медитеранот“ , „Свечена Повелба“ и „Македонска Вечност.“
Во рамките на оваа литературна манифестација беше промовиран романот „Студ“ од современиот македонски писател Разме Кумбароски, а промотор беше д-р Хелена Саблиќ-Томиќ.
Текст: Стојан Кукунешоски
фото: aрхива
Strugaonline
Facebook Коментари