Најновото издание на „Вдиши театар“ наскоро во Охрид

- Локални
621

Се крчка Вдиши театар по 6-ти пат! Оваа година свеченото отварање на фестивалот ќе се случи на 12.06.2019 година во 20:30 часот во предворјето на црквата Св. Софија. Фестивалот ќе го отворат младинците од театарската група при Црвен крст Охрид со перформанс и претстава „Домино“. На сцената ќе излезат 25 младинци кои изминативе |три месеци активно ги следеа театарските креативни работилници.

„На работилниците со младите се работеше на стекнување вештини за концентрација, движење и импровизација во простор, освестување на мускулите и сите делови на телото, креирање ликови, креирање приказна, работа со техника на глас, дикција, итн. Покрај тоа што младите преку овие работилници учеа за културата и односот кон театарот како уметност, тие ја зајакнаа и својата социјална интелегенција. Во рамки на овогодинешните подготовки за Вдиши театар се реализира и тридневен едукативен камп во едукативниот центар во Велестово.“ – информираат од охридскиот Црвен крст.

Strugaonline

Facebook Коментари