Лев банер Десен банер

„Денови на германска книжевност“ во Струга по повод Светскиот ден на книгата

По повод Светски ден на книгата и авторското право, НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга во соработка со Гете-институт Скопје организира манифестација „Денови на германска книжевност“, која ќе се одржи во Струга во текот на два дена.

Програмата започнува на 22 април 2026 година во 12:00 часот во фоајето на установата, каде посетителите ќе имаат можност да проследат изложба на дела од германската книжевност, како и видео-проекции посветени на животот и творештвото на познати германски автори.

Следниот ден, на 23 април со почеток во 12:00 часот, настанот продолжува во Парк на поезијата, каде ќе се одржи промоција и читање цитати од значајни дела на германската литература. Присутните ќе имаат можност и за размена на идеи, мислења и впечатоци поврзани со изучувањето на германскиот јазик и книжевност.

Со оваа манифестација, организаторите имаат за цел да ја доближат германската книжевност до пошироката публика и да поттикнат љубов кон книгата, читањето и културната размена.

StrugaOnline

error: