Лев банер Десен банер

УХМР: До среда променливо облачно посвежо и нестабилно време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови. Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: