Димче Шипинкароски: Струга веќе одамна не е град во која се најважни вистината и фактите туку наметнатата лажна перцепција

- Локални
1869
После првиот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Димче Шипинкароски кој освои 16,09% од гласовите, им се обрати на стружани. Неговата објава ви ја пренесуваме во целост
,,Денешново мое обраќање пред вас е во исто време заблагодарувачко на подршката што ми ја дадовте, извештајно, ама е и аманетно.
Кога пред околу два месеци официјално станав кандидат за Градоначалник на Општина Струга истакнат од СДСМ со коалиционите партии некои од моите најблиски пријатели и роднини ми велеа дека оваа моја кандидатура не ми е баш потребна затоа што мојата желба навистина е неостварувачка.
Знаев што ме чека, дека ќе биде тешко, дека ќе биде ужасно тешко, ама јас едноставно навистина со сета моја душа сакав да го направам тоа. Она што го направив јас лично сам со себе расчистив дека не ни претстои битка за победа на СДСМ со коалиционите партии и граѓаните на Струга, туку нешто многу покрупно, позначајно, потешко, а тоа битка на Струга за демократија, за правда и правна држава.
А таква битка не може да добие ниту една политичка партија, ниту една коалиција. Таква битка може да добие само народот. За да народот се покрене, за да народот даде масовна поддршка мора да има доверба во оној што го повикува мора да ја препознае искреноста дека се бориме за неговите, а не за нашите лични и партиски интереси. Да ви ди дека сме подготвени да жртвуваме нешто лично за доброто на сите.
Програмата „НАЈДОБРОТО ЗА СТРУГА” ја направивме заедно со мојот тим во СДСМ. Тврдам дека се работи за еден исклучително квалитетен документ кој со својата сеопфатност, конзистентност и реална изводливост на се што навистина е потребно за нашава Струга. Меѓутоа Струга веќе одамна не е град во која се најважни вистината и фактите туку наметнатата лажна перцепција.
Мојата желба секогаш беше е и ќе остане да ја видам Струга уште поубава, уште покосмополитска, уште пообединета во различностите кои ни ја красат и општината и државата, и секако, уште поотворена за туристите од цела Европа и целиот свет. СТРУГА –градот мозаик на заеднички живот и другарување.
Дојде време да се пробаме и да се појавиме јас и мојот тим на улица, по сите урбани и рурални средини. Почнувајки од Радожда, преку Јабланица, Караорман низ целиот Долни Дримкол, преку Малесија и завршувајки повторно на крајбрежјето на Струга .
Јасно ми беше дека првиот чекор е единство, сплотеност, меѓусебна лојалност и другарство. Нели се направи тој чекор се друго ќе ни е џабе. Истовремено ги поканивме основачите и ветераните на партијата активно да се вклучат во нејзиното консолидирање. Најголем дел од нив тоа со задоволство го прифатија и дадоа огромен придонес во кампањата.
Имаше и такви кои својот ангажман го условуваа со идни вработувања и или некаква финансиска корист. Таквите нерални барања јас и мојот тим не го прифативме, а еве и зошто. Луѓе кои ја сакаат партијата општината и нашава Струга или се спремни да работат за неа тогаш и само тогаш, а не само кога имаат од неа нешто да добијат. Таквите луѓе не ни се потребни. Тие ќе ни го свртат грбот и ќе не предадат на првата кривина во клучниот момент од најважните битки.
Присуството на маалските средби од многуте граѓани не охрабри нас, но што е многу поважно го охрабри добар дел од народот и ја пробуди надежта дека во Струга има доволно силна и моќна структура што ќе направи промена во градоначалничката власт.
Посебно сум горд на тој наш успех. Затоа што не се должи ниту на било каков политички пазар бидејќи немаше со што да се пазариме. Се беше резултат на идеја и на долги разговори околу тоа што ја чека Струга и какви политики ќе не бидат потребни.
Уште кога го потпишавме кодексот со сите градоначалници мораше на сите да ни биде јасно дека фер и демократски избори е апсурдно и беспредметно. Не е битно што се случува на самиот ден на изборите ако во претходните дена во годината се е узурпирано, контролирано и злоупотребувано.
Ми беше гордост да чекорам во ист строј со тимот на советници предводен од Ирина Јолдеска, тим составен од чесни и квалитени луѓе докажани во своите професии. Посебна благодарност до Претседателката Соња и Пратеникот Јован за нивниот максимален и несебичен ангажман со кои го постигнавме овај наш заеднички резултат.
Посебно сакам да се заблагодарам на онаа група луѓе кои го добија предзнакот „најблиските соработници на Димче“. Ви благодарам што издржавте и што ми останавте до крај лојални.
Стружани ви ветувам дека секогаш, ама баш секогаш заедно со сите вас и понатаму ќе се бориме за НАЈДОБРОТО за Струга.,,-напиша Шипинкароски.

Facebook Коментари