Директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски учествуваше на завршната сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите, која се одржа во Струга од 13-ти до 18-ти мај.
-Академијата е дел од проектот Balkan Translation Collider, каде што еден од ко-организаторите е Издавачката куќа Готен. Струшките вечери на поезијата, како еден од најголемите светски поетски фестивали имаат исклучителна важност во промоцијата на книжевни преводи од повеќе светски јазици на македонски јазик, но и промоција на македонската поезија на повеќе светски јазици.-информираат од СВП.
Додаваат дека со учесниците на Акедимијата од кои повеќето се книжевни издавачи и литературни агенти, беа остварени контакти со можност за идна соработка.
Strugaonline
Facebook Коментари