Доброволното противпожарно друштво-Струга доби донација од Хрватската амбасада во земјава

- Локални
633

По повод 20-ти мај, Денот на пожарникарството, Доброволното противпожарно друштво-Струга доби донација од Хрватската амбасада во Република Северна Македонија, Хрватскиот делотворен клуб и фирмата ,,Армор Плус“.

Донацијата се состоеше од комбинезони и опрема за гаснење на шумски пожари.

,, Благодарни сме за добиената донација. Со оглед на тоа дека основната цел на нашето здружение е да бидеме десна рака на Територијалната противпожарна единица од Струга секогаш кога е тоа потребно, имаме потреба и од друг вид на опрема, но сето тоа постепено ќе го постигнеме.“-изјави за Strugaonline Бесим Кадриу, претседател на Доброволното противпожарно друштво-Струга.

Тој додаде дека здружението е формирано во 2021 година , после големите пожари кои се случија во Кочани. Ова струшко здружение има за цел повторно  да го поттикне доброволството во нашиот град кое што датира уште од далечната 1937 година, кога за прв па во Струга  било формирано Доброволно противпожарно здружение.

Strugaonline

Facebook Коментари