Ана Стојаноска е победник на поетскиот конкурс на овогодинешното издание на ,,Трка на поезијата“

- Локални
473
Aна Стојаноска со  песната ,,До целта“ е победничка на овогодинешниот поетски  конкурс со наслов ,,Мојата трка“ што го распиша манифестацијата ,,Трка на поезијата“.
Одлуката ја донесе жирито во состав:  д-р Мерсиха Исмајлоска, доктор по филолошки науки, м-р Ивана Андоноска Спасовска, магистер по правни науки, и м-р Биљана Тодоровска, магистер по драматургија, минатогодишен добитник на поетската награда.
,,Песната на Стојаноска се изделува од останатите со својата автентичност и сензитивен поетски израз. Користејќи градација, почнува од малечкото „капка студена пот“, за до крајот да прозборува за победата, и колку таа е лична односно колективна. Таквата победа ги содржи трките или борбите на предците, оние кои и најмногу бодрат со својот дух, за конечниот победник да е љубовта. Таа е целта и крајната смисла. Таа е светлината и Светулката. Потсетник колку суптилно може да се зборува за мојата, нашата трка. Заборавените легенди и те како можат да бидат моќни, кога некој ќе ги насети, особено со стих, онака како што прави Стојаноска.,,-стои во образложението од жири комисијата.
Со овој поетски конкурс ,,Трка на поезијата“ што утре ќе го одржи своето второ издание, ја негува струшката поетска традиција давајќи потврда на самото име на трката, како и мотото ,,Трчаме рецитираме.“
Strugaonline

Facebook Коментари