Драмското студио “МИЛАДИН“ од Струга, утре премиерно ќе ја изведи претставата за деца „Принцезите против вештерките во одбрана на Дедо Мраз“

- Локални
248

Драмското студио “МИЛАДИН“, утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ (голема сала), со почеток во 18:30 часот, премиерно ќе ја изведи новогодишната претстава за деца „Принцезите против вештерките во одбрана на Дедо Мраз“.

Оваа претстава е во режија и драматизација на Ристе Миладинов, а играат:

Милан Блажески, Маја Ристоска, Марија Блажеска, Максим Тодоровски, Даниел Спироски, Мила Бојческа, Ива Шајноска, Бранкица Петковска и Мона Крстиновска.

Влезот е 150 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари