Се работи за преработка на нејзината легендарна нумера „Заиграј со мене“, дело со музика на врвниот Милан Завков и со текст на Виолета Томовска.
Новиот аранжман за оваа верзија го направи Александар Митевски, а во изведбата учествуваа и Мишел Трајковски со својата армоника, Таше Грујовски и Бобан Василески на гитари и Диме Танчев на труба.
-Во чест и сеќавање на големиот Милан Завков и претстоечкиот 80-ти роденден на нашата Виолета Томовска, уживајте и споделете ја со слушателите оваа нова верзија – за убаво предновогодишно расположение, велат од Драган Спасов Дац и Александар Митевски.
StrugaOnline
Facebook Коментари