Со провокативниот наслов „Република Депонија“, околу кој е конципиран стартниот ден на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, започна петдневната програма која до 30 јули ќе понуди богата програма на дебати, изложби, филмски проекции, работилници, театар и многу дружење. Фестивалот се одржува во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, а стартот беше одбележан со ден посветен на проблемот со струшката депонија.
Со „Република Депонија“ се отвoри и првата панел дискусија која го наметнува прашањето „Што (понатаму) со депонијата?“. Панел дискусијата беше во соработка со Граќанската иницијатива „Доста“ и со еколошкото здружение „Еко-свест”. Темата на дебатата ја стимулираше публиката за прв пат отворено да зборорува за мониторингот и надзорот на депонијата и нејзиното меџирање.
– Доколку има систем за селекција и рециклирање, граѓаните нема да имаат потреба да го фрлаат ѓубрето на диви сметишта. Треба да се побара поголема транспарентност во менаџирањето на парите од комуналната такса и каде одат тие пари. Меѓу другото, клучно е да се вклучи јавноста во одлуки какви што се овие, а тоа очигледно недостасува и од таму доаѓа целата вина кон институциите и системот – велат од „Еко-свест”.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари