После победата над Алжир, Македонија вечерва во дуел со фаворитот Франција

- Спорт
825

Машката младинска репрезентација на Македонија го постигна најголемиот успех на Мундијалите во младинските категории, благодарение на пласманот во  во четвртфиналето на Светското првенство во Алжир. Избраниците на селекторот Илија Темелковски славеа над домаќинот Алжир во тежок, неизвесен и многу возбудлив  натпревар со 20:24.

Натпреварот со домаќинот Алжир ќе биде запаметен како натпревар во кој се играше гол за гол, често разликата беше само еден гол, па тесна беше борбата на двете репрезентации.  Клучниот момент кој го поплочи патот до победата беше голот на Талески со кој Македонија доби предност од три голови односно резултат , 16:19. Домашните екипа погреши , а Палевски од пенал зголеми на 16:20, потоа Алжир  намали на 17:20. Капитенот избрза во следниот напад и домаќините се вратија на 18:20, но капитенот погоди за 18:21 и веќе беше решен натпреварот во корист на Македонија. До крајот на натпреварот домаќинот прими уште три гола и Македонија победи со 20:24.

Противник во четвртфиналето на Македонија ќе биде Франција, која важи за еден од најголемите фаворити,  а дуелот ќе се игра вечерва во 21:45 часот.

 

 

Facebook Коментари