Два Вевчански автори, застапени во новиот број на „Современост“ – Мишо Китаноски и Верица Мукоска

Четвртиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2023 година вклучува 34 статии на 150 страници. Бројот е составен од четири прилози проза, девет прилози поезија инспирирана од творештвото на Ацо Шопов, своевремено главен уредник на „Современост“, девет прилози интерпретации, од кои пет по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, пет преведени прилози и седум рецензии во рубриката Вреднувања. Бројот е отворен со прозни прилози од Стефан Маркоски, Станка Бајлазова-Барламова, Љубинка Донева и Нове Младеноски. Во рубликата Поезија се застапени тематски песни инспирирани од творештвото на Ацо Шопов од: Ристо Маџунков, Лидија Размоска-Тримковска, Зоран Пејковски, Тања Кузманоска, Снежана Паноска, Александар Михајловиќ, Емилија Карафиловска, Рате Савев и Владо Попоски.
Рубриката Интерпретации е дводелна и вклучува блок прилози по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов од: Јасмин Шопов, Мишо Китаноски, Љубинка Донева, Васил Дрвошанов и Горрдана Каракашевска, како и други прилози од Верица Мукоска, Љубинка Донева, Елена Станкоска и Славчо Ковилоски. Рубликата со преведени статии вклучува поетски творби преведени од англиски на македонски јазик од: Матиа Тарантино, Татев Чакијан, Рита Дав, Трејски К. Смит, Лангстон Хјуз. Крајот е отстапен за рубриката Вреднувања, отворена со критички осврт од Кристина Николовска, потоа следуваат прилози од Славко Ковилоски, Никола Алтиев, Јадранка Клисарова, Викторија Митрикеска, Трајче Кацаров и Александра Јурукова.
Илустрациите во последниот број за 2023 год. се преземени од уметничката галерија на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982), со уметнички портрети на поетот, реализирани од страна на македонски уметници, меѓу кои Лазар Личеноски, Димитар Кондовски, Васил Василев, Боро Митриќески и Василије Поповќ-Цицо.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

