Две лица од Кичево приведени во Струга, краделе во продажен објект

- Локални
663

На 2. ноември 2023 година, во 14:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле две лица од Кичево на возраст од 51 и 45 години.

– Тие биле затекнати при кражба во продажен објект во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари