Денеска започнува дводневниот самит на иницијативата „Отворен Балкан“ на кој ќе учествуваат премиерите на Република Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Учество на самитот најавија и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
На самитот на пленарни седници ќе се разговара за натамошната соработка, а ќе бидат потпишани: договор за соработка во областа на образованието, меморандум за разбирање и соработка меѓу даночните управи и меморандум за разбирање во областа на туризмот и културата.
„Отворен Балкан“ е регионална иницијатива формирана од Република Македонија, Србија и Албанија, чија цел е зголемување на трговската, економската и друга соработка меѓу трите земји, како и подобрување на односите.
Извор: Охридпресс
Facebook Коментари