Тренерот во џудо клуб ,,Дрим“ -Струга, Ѓорги Стојанов, викендов учествуваше на Меѓународен семинар за тренери и судии во Гјор, Унгарија во организација на Меѓународната Џудо Федерација во соработка со Европската Џудо Унија.

,,На овој семинар имав можност да стекнам големо знаење кое ни беше пренесено од страна на врвните светски џудо експерти, како и да разменам искуства со моите колеги од цел свет.
Голема благодарност до Џудо Федерација на Македонија која ми овозможи да учествувам на ваков престижен семинар од највисок ранг.“ – изјави Стојанов.

Тој потенцираше дека едукацијата е клучна за врвни спортски резултати.
Strugaonline
Facebook Коментари