Претставата ,,Несфатена цивилизација“ во сабота пред охридската публика

- Локални
106
Гротенската комедија во два чина, ,,Несфатена цивилизација“ од Добри Војников повторно е на репертоарот на Центарот за култура ,,Григор Прличев“ Охрид во сабота, 27-ми јануари.
Играат актерите Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Павел Маслов и Ивица Цонев.
-Ова е претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија и прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.-стои во описот на содржината.
Почетокот е закажан за 20.00 часот, цена на билет е 200 денари.
Strugaonline

Facebook Коментари