Eко-акција денеска во Струга

- Локални
542

Струга се приклучува на еко-акцијата организирана од страна на иницијативата „Не биди ѓубре“ што денеска ќе се одржи во сите градови во Македонија.

„Да се приклучиме на иницијативата #НеБидиЃубре за Македонија и да направиме колку што е во наша можност. Добредојдени се сите добронамерни и еко-свесни стружани.“-повикуваат организаторите од Струга.

Еко-акцијата ќе започне во 12:00 часот, кај Машка плажа, пред хотел Дрим.

Strugaonline

Facebook Коментари