Невообичаено топол бран кон Македонија, температурите растат – ќе одат над 30°C

- Македонија
114

По малку пониските температури на воздухот кои ќе ги имаме денеска, веќе во следните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Иако невообичаено топол, сепак овој бран е нормална појава во овој дел од годината во нашиот дел од Европскиот Континент. Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така и атмосферата ќе биде позаматена. Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари