Во најава е нултото издание на Фестивалот за краток филм Drim Short 2017 кој ќе се одржи во Струга во период од 8-ми до 10-ти декември. Оваа година фестивалот ќе има ревијален карактер и ќе се фокусира на промоција на млади македонски автори и кратки филмови од македонска продукција. Под слоганот ,,Дајте ми добра приказна, а реалноста ќе ја следи” ќе биде истакната и темата на овогодинешното издание, социјалната ангажираност во македонскиот филм.
Организаторите наскоро најавуваат детали и целосна програма на фестивалот.
Strugaonline
Facebook Коментари