Нова епизода од „Импровокација“ во петок на Охридска сцена

- Локални
834

Во петок (24 ноември) од 20.00 часот ќе биде изведено четвртото шоу од третата сезона на популарната театарска импровизација „Импровокација во добро познатата “ќерал” сцена на Народен Театар Охрид. Картите за шоуто беа пуштени во продажба  вчера точно на пладне, во музичката Продавница Зизи Топ. Цената на картите изнесува 150 денари и 200 денари на денот на шоуто.

 Од ЦК „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека карти може да се резервираат и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот. Биди дел од (р)еволуцијата, гледај ИМПРОВОКАЦИЈА!
Шоуто не е за помлади од 16 години!

Strugaonline

 

Facebook Коментари