Лев банер Десен банер

Фестивалот „Drim Short 2018“ годинава добива интернационален карактер

Дирекцијата на „ДримОН“  го најавува второто издание на Фестивалот на краток филм Drim Short 2018, кој оваа година од 12-14 октомври ќе се одржи во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

Минатата година фестивалот привлече големо внимание и кај публиката но и кај филмската фела во Македонија. Затоа, организаторите годинава нудат проширена програма и разновидност во филмската понуда, како за гледачите, така и за учесниците.

-„Наша желба и оваа година е да додадеме свежи бои на есенската културна понуда во градот, преку диверзитетна програма на кратки филмови. Ползувајќи ја универзалноста на филмскиот јазик и комуникацијата со публиката, под мотото „Еден јазик, илјада приказни“ сакаме и оваа година да ја доближиме кратката филмска форма до публиката, да ја зајакнеме филмската култура во градот и да придонесеме Струга да стане регионално филмско јадро за филмските уметници од Македонија и регионот.-велат организаторите.

Тие исто така додаваат дека  фестивалот Drim Short 2018 добива интернационален карактер. Па така, покрај стандардната национална програма, ќе има и регионална селекција на кратки филмови, како и студентска програма, во која студентите од Македонија ќе имаат можност да ги претстават своите дела.

„Истовремено оваа година ќе дадеме шанса на идеите и сценаријата, при што ќе бидат избрани пет најдобри идеи на млади автори од Македонија, кои ќе се натпреваруваат за симболична награда, што ќе претставува мотив за нивната понатамошна работа и однос кон филмот.“ -информираат од ДримОН.

Покрај филмската програма, годинава фестивалот е  домаќини и на неколку еминентни филмски имиња од Македонија и регионот. Тие ќе ја збогатат филмската програма со своето искуство поврзано со филмот и истото ќе го пренесат пред младите автори и студенти.

Strugaonline

error: