Работатата на патот на влезот од село Лабуништа под мониторинг на надлежните

- Локални
1745

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со директорот на „Македонија- пат “, г-дин Гаjур Кадриу и Дестан Бајрами одговорен за патиштата во Струга, одблиску ја надгледуваа работата на патот, на влезот на село Лабуништа.

„Веќе некое време се работи на асфалтирање и поправка на патиштата во Општина Струга,  каде што и денес Градоначалникот на Општина Струга заедно со г. Кадриу и г. Бајрами излегоа на терен за да одблиску ја надгледуваат работата на асфалтирањето и рехабилитацијата на патот во Лабуништа, пат со должина од 1400 метри и со просечна ширина од 6 метри. Овој пат веќе долго време беше проблематичен за жителите на оваа село. Општина Струга во соработка со „Македонија -пат“ допринесоа за оваа инвестиција.“ – стои во соопштението од Општина Струга .

Меѓудругото,  Кадриу рече дека ваквата соработка со Општина Струга ќе продолжи и за регионалните патишта во општина Струга.

Strugaonline

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари