Филмот „Гостинот“ на кино репертоарот во охридскиот Центар за култура

- Локални
594

Утре и задутре (15-ти и 16-ти декември) на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува филмот „Гостинот“.

Филмот е комедија од 2019 година во режија на Дучо Кјарини.

– Гвидо мислеше дека води некомплициран живот, сè додека, едно зимско попладне, ќе доживее ненадеен шок од неговата девојка Кјара. Гвидо е принуден да го спакува куферот и да го напушти нивниот стан – но каде да оди? Тој ги замолува своите родители и пријатели да го примат и така почнува да преспива на нивните каучи прифаќајќи ја улогата на сведок на нивните секојдневни животи и нивните различни романтични аспекти, стои во кратката содржина на филмот.

Проекциите се од 19:00 часот пред ограничен број публика, а цената на билетот е 100 денари. За влез потребно е да се приложи сертификат за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози вакцина или потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Facebook Коментари