Филмот ,,Хомо“ од Игор Иванов-Изи во четврток и петок пред струшката публика

- Локални
620
На 5-ти и 6-ти, ноември 2020г, (четврток и петок), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, премиерно пред струшката публика ќе се прикажува најновиот долгометражен филм на режисерот Игор Иванов – Изи. Влезот е 100 денари, а по протокол ќе бидат запазени сите мерки за заштита од корона вирусот (носење маски, средства за дезинфекција и седење на растојание).
Третиот долгометражен филм на Игор Иванов – Изи, „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов.
„Хомо“ е спој на црна комедија и драма. Работен е како копродукција меѓу Македонија, Србија, Косово, Бугарија и Словенија, а главен продуцент е „Скопје Филм Студио“. Во филмот настапуваат домашни и актери од земјите копродуценти, а за прв пат на филм се појавува нашиот активист за правата на лицата со попреченост, Александар Матовски – Цако.
Улогите ги полкуваат Александар Матовски Цако, Наташа Петровиќ, Сергеј Димовски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски.
Strugaonline

Facebook Коментари