Филмски камп за деца во Охрид ќе има и ова лето

- Локални
1087

Младите љубители на на седмата уметност (филмот) и годинава во Охрид ќе имаат можност одблиску да видат и да бидат дел од филмски снмиања.

Филмското училиште „Тинтири минтири“ и продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје и годинава во Охрид ќе организираат два филмски летни кампови за деца.

Камповите се наменети за деца на возраст од 8 до 18 години и нудат различни содржини од областа на филмот. И двата кампа се организираат во извидничкиот центар Охрид, населба Далјан.

Првиот камп опфаќа снимање на филмска авантура на брод во периодот од 12 до 17 јуни 2017 и е наменет за деца од 9 до 18 години. Автор на сценариото и режисер на филмот е м-р Кузман Кузмановски.

Филмот премиерно ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија, ќе учествува на меѓународниот детски филмски фестивал „Тинтири минтири филм фест 2018“, а својата промоција ќе ја продолжи со телевизиски прикажувања.

Услов за пријавување е децата да знаат да пливаат, а максимален број на дозволени учесници е 15. На реализацијата на филмот ќе работи професионална филмска екипа која бележи повеќегодишно искуство на полето на работата со деца. Вториот камп е наменет за деца од 8 до 18 години, а ќе се одржи во периодот од 7 до 13 август.

За време на кампот децата работат со ментори – сценарист, режисер, снимател и актери, а ќе обработуваат теми како: филмски синопсис и сценарио, развој на филмски дијалози, работа со актери и актерски филмски вежби, однос кон камера, филмски план и ракурс, кадрирање, практична работа (снимање на терен). Во текот на престојот децата ќе снимаат поединечни и групни актерски етиди, забавни содржини како игри без граници и друго. Сите снимени содржини ќе бидат премиерно прикажани на една од националните телевизии.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари