Вечерва со почеток во 20:00 часот пред Споменикот на Револуцијата во Струга ќе се одржи фолклорна вечер насловена како „Струга танцува“.
– Струга ќе танцува со КУД од Велешта, Драслајца и Охрид на последниот ден од Нашиот Фестивал. Настанот почнува во 20ч кај чаршискиот мост, кај Споменикот на Револуцијата.
Дојдете да славиме заедно! За нашата Струга!-
Оваа активност е дел од „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” кој е подржан во рамките на нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Во тек сме на реализирање на различни активности како мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење. Сите овие активности се распоредени во периодот од јануари 2016 до јануари 2019. – велат организаторите.
Проектот е финансиран од Европската Унија.
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари