Граѓанска иницијатива „Доста“: Не престануваме и ќе вршиме постојан притисок за решавање на проблемот со дивата струшка депонија

- Локални
1212

Последното спалување на Струшката дива депонија предизвика остри реакции од страна на граѓаните на Струга, а со соопштение за идните активности и барања излезе и Граѓанската иницијатива „Доста“. Во целост ви го пренесуваме соопштението наменето за јавноста и медиумите:

„Скоро два месеци по одржаните состаноци со претставници на локалната власт, а особено состаноците со Г-дин Дамјан Манчевски и Г-дин Јани Макрадули, состав на Владината комисија за решавање на проблемот со депонијата на чело со Г-дин Рамиз Мерко отсуствува конкретна реакција која би одела во прилог на решавање на проблемот со дивата струшка депонија. Се добива впечаток дека Власта (локалната и централната) немаат концепт во решавање на проблемот. Отсуствува отчет од работата на владината комисија, од работата на Министерството за животна средина, другите надлежни министерства, отсуствува совест кај пратениците кои потекнуваат од Струга, а кои ги претставуваат граѓаните на Општина Струга во Собрание. Досега не успеавме да слушнеме мислење од страна на пратениците (барем оние кои доаѓаат од Струга) особено од Г-дин Зијадин Села како поранешен градоначалник на Општина Струга за состојбата со дивата струшка депонија.
Како иницијатива
1. За почеток, ако Г-динот Заев имаше доблест да се сретне со жителите на Општина Тетово за нивниот проблем со депонијата БАРАМЕ ВЕДНАШ Г-динот Заев да најде време да се сретне со претставници на иницијативата и жителите на Општина Струга.
2. Видно е од страна на Владата дека во случајот се разгледуваат можни решенија за проблемот со дивата струшка депонија, бидејќи веќе 2 месеци се разгледуваат решение за акутен проблем кој бара акутно решение предлагаме Централната во соработка со локалната власт да издејствува превентивни мерки од намерно спалување на депонијата, тоа би вклучувало: Оградување на депонијата со ограда со бодликава жица, поставување на камери за 24 часовен видео надзор и воспоставување на 24 часовна чуварска служба со по двајца чувари на смена кои би ја чувале депонијата организирање на секојдневни полициски патроли и патроли на пожарна Струга.
3. Со оглед на ургентноста на проблемот со кои се соочуваат жителите на Општина Струга а во контекст на дивата струшка депонија предлагаме Владата во соработка со локалната власт да излезе со конкретни мерки за решавање на проблемот, Стружани немаат време да чекаат две или повеќе години до формирање на регионална депонија. Потребно е меѓувремено решение за кое имаме предлог кој би го соопштиле на Г-дин Заев во нашата средба.
4. Од страна на пратениците на опозицијата на денешниот ден ќе биде предложен амандман за одвојување средства во износ од 200.000.000,00 денари за дислокација на депонијата. Бараме власта и опозицијата да ги надминат партиските препукувања и во интерес на загрозените жители на Општина Струга да ги здружат своите капацитети во насока на решавање на проблемот со дивата струшка депонија.“
Со почит,
Граѓанска иницијатива „Доста“.

 

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари