(ФОТО): Традиционално со Бадникова поворка дечињата во Струга го навестија Христовото раѓање

- Локални
791

Годинава во Струга продолжи традицијата со одржување на Бадниковата поворка.

Околу 1000 верници и 800 дечиња го најавија Христовото раѓање.

Дечињата од Струга и Струшко го навестија Христовото раѓање. Тие ја пееа Божиќната песна „Вечниот Бог“ и ја доживеаа убавата духовна енергија и Божјата благодат.

Во 11:00 часот носејќи ја Бадниковата пештера од Соборниот храм „Свети Ѓорги“ тргнаа низ струшките улици, а после прошетката низ градот, во дворот  од црквата секое дете доби новогодишно пакетче, а имаше и традиционална Бадникова закуска.

„Струга наша најуба денес блесна во полн сјај, блесна со ѕвездите и ангелските гласови на околу 800 дечиња учесници во Бадниковата поворка, ечеше градот од „Вечниот Бог“. Традиционално како и секоја година и оваа се одржа поворката, се доделија пакетчиња, се почестивме со чајче, винце, колачи, радост на лицата од децата и исто од возрасните. Спремни се душите наши за пречек на Христос. Спремни сме за Божиќ.

Ви благодариме дечиња, ви благодариме баби, дедовци, родители што го разубавивте овој величествен настан. Се гледаме до година здрави живи. Ви глагодарам и јас од се’ срце, со сите околу мене што секоја година се трудат да помогнат да биде се поубава и поубава Поворката. За многу години Христос се роди,“ изјави за strugaonline организаторот Лидија Николовска.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари