Фотографот Роберт Паноски од Струга со трета награда на конкурсот „Граѓани новинари“
Познатиот фотограф од Струга Роберт Паноски го освои третото место на годинашниот конкурс на Македонскиот центар за меѓународна соработка – „Граѓани новинари’ на тема: Екологија (загадување).

-Мини репортажата од пет фотографии е инспирирана од речиси постојаното загадување на потегот од Струга до село Калишта. Со секој почеток на пролетта несовесни граѓани ја палат трската, а на тој ппотег преку цела година се фрла губре и градежен отпад. Властите НЕ реагираат на никаков начин, вели фотографот Паноски за Публицитет.мк
Извор и фото: публицитет.мк
Strugaonline

