Францускиот амбасадор во посета на Струга: Најавена поддршка за еколошки проекти и продлабочување на соработката
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари официјална средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која се разговараше за актуелните предизвици, развојните приоритети и можностите за идна соработка.
Амбасадорот Ле Риголер истакнал дека целта на неговата посета е одблиску да се запознае со новиот развоен правец на Струга, како и со проектите што веќе се реализираат и плановите на локалната самоуправа за идниот развој на општината.
Во фокусот на разговорите биле можностите за продлабочување на соработката меѓу Франција и Општина Струга, со посебен акцент на заштитата на животната средина. Францускиот амбасадор ја изразил подготвеноста неговата земја да ја поддржи Струга во оваа област, нагласувајќи дека Франција располага со врвни експерти од областа на екологијата кои би можеле да придонесат во реализацијата на конкретни еколошки проекти.
На крајот од средбата, Ле Риголер посочил дека ова е негова прва официјална посета на Струга, но дека сигурно нема да биде последна. Тој изразил интерес и подготвеност за понатамошно јакнење на соработката со локалната самоуправа во насока на реализација на заеднички проекти од интерес за граѓаните.
StrugaOnline

