Во организација на Оделението за соработка со Месни заедници и заштита и спасување, во надворешните простории на задружниот дом во с.Вишни, Општина Струга, се одржа собир на граѓани кои живеат и имаат имот во с.Вишни Општина Струга, за избор на Совет и тела на Месната Заедница.
,,Присутните граѓани едногласно за претседател на Советот на Месната Заедница с.Вишни, за следнита четири години го изгласаа Г-дин Цветомир Ристески , секретар ќе биде Г-дин Богоја Кумбароски. За благајник е избрана Г-ѓа Даниела Секулоска. За членови на Совет во Месна Заедница во с.Вишнии мештаните ги избраа: Бојан Танески, Кристина Тодороска Петреска,Нове Волчески и Никола Кутаноски.“-информираат од Оделението за соработка со Месни заедници и заштита и спасување.
Strugaonline
Facebook Коментари