Г-дин Емил Попоски е избран за претседател на МЗ Елен Камен

- Локални
504

Во организација на Одделението за соработка на месни заедници при Општина Струга, во Елен Камен е избран претседател, потпретседател и совет . Собирот на граѓани по повод изборот, се одржа на отворен простор со почитување сите мерки и препораки за заштита од вирусот ковид 19. Претседател на МЗ Елен Камен во следните четири години ќе биде Г-дин Емил Попоски , за потретседател е избран  Г-дин Агиф Ајро.

Одделението за соработка на месни заедници при Општина Струга продолжува со својата програма за работа со секојдневни контакти со граѓаните од месните, урбаните заедници, како и населбите во Општина Струга.

Целта е да се врши навремен избор на членови на советите. Ова одделение исто така соработува и им дава стручна и техничка поддршка на советите во урбаните заедници.

Одделението за соработка на месни заедници при Општина Струга врши перманентен надзор над работата на месните и урбаните заедници и со повремени присуства на седниците на советите при решавање на определени прашања од заедницата.

Strugaonline

Facebook Коментари