Лев банер Десен банер

Ѓорѓи Голабоски и Никола Голубовиќ следната година ќе бидат кумови на „Водици“ во Струга

На денешната манифестација „Водици 2019“ откако среќниот Цветко Митрески го фати Чесниот Крст во водите на реката Црн Дрим, беше упатена благодарност овогодинешниот кум Стефан Томаноски и беше презентирана информацијата дека за следната година кумството ќе го преземат Ѓорѓи Голабоски и Никола Голубовиќ-Ричоти.

Да се биде кум на чинот на спуштање на крстот и осветувањето на водите на реката Црн Дрим е голема чест, а кумот или кумовите имаат обичај да го даруваат капачот кој успеал да го фати Крстот.

Инаку, манифестацијата „Богојавление Водици“ и годинава помина во одлична атмосфера, а верниците после завршување на свечената церемонија од кејовите се упатија во угостителските објекти во Струга и продолжија со празнување.

На овој празник, на поздравот „Бог се јави“ се возвраќа со поздравот „Навистина се јави.“

Извор и фото: Strugaonline

error: