Цветко Митрески го фати крстот во Струга

- Локални
1664

Бројни верници денеска присуствуваа на чинот на спуштање на Светиот крст во водите на реката „Црн Дрим“ во Струга. Честа и среќата да го фати Крстот годинава ја имаше Цветко Митрески.

Во водите на реката Црн Дрим годинава скокнаа околу 200 капачи. Некои од нив само за здравје и среќа, а други со желба да го фатат чесниот крст.

Активностите за денешниот голем празник започнаа утринава во 7:30 часот во црквата „Свети Ѓорѓи“ со утринската Богослужба.  Потоа следуваше литургија, а во 10:30 часот од црквата верниците се упатија кон мостот. Во 11:00 часот пристигна Митрополитот Дебарско Кичевски Г-дин Тимотеј кој го фрли крстот и ги освети водите. Кум на овогодинешниот празник „Богојавлeние Водици“ беше Стефан Томаноски кој што го даруваше среќникот кој што  го фати крстот. Тимот на „Зегин“подари телевизор, а сите кои учествуваат во чинот на скокање по крстот добија маички.

Струга и годинава на високо ниво го одбележа празникот „Богојавление Водици.“ Ден кога во Струга секоја година има многу радост и позитивна атмосфера.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари