Голем интернационален настан mPreneur во Охрид

- Локални
231

Порака Нова – Струга како лидер на проектот mPreneur викендов го отвори големиот интернационален настан во хотел Пела, Охрид, кој ќе трае до 10-ти ноември. На настанот учествуваат млади претприемачи и иноватори од Азија, Африка и Европа кои развиваат мобилни апликации кои имаат социјален импакт.

Преку интернационалниот настан – mPreneur школа – интерконтиенентален камп за млади претприемачи кои развиваат мобилни апликации со социјален импакт, под наслов „TC Social mPreneur School: mLearning, Techpreneurship, and Sustainable Impact-making for young aspiring entrepreneurs“, учесниците ќе бидат дополнително обучени од универзитетски професори од Економскиот факултет Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”, на теми како мобилно учење, нови технологии, социјално претприемништво. На настанот во Охрид ни се приклучија млади од Македонија, Кенија, Австрија, Филипини, Сингапур, Танзанија, Уганда и Романија. Преку различни  методологии, тренинг сесии, работлници, интерактивна работа младите добиваат можност дополнително да развијат нови вештини, да учат преку споделени искуства од свои врсници, со цел да се зајакне нивниот капацитет за понатамошно развивање на мобилни апликации кои се одржливи и придонесуваат кон позитивни промени во општеството.

Паралено ќе биде организиран и настан на жири комисијата од познатите WSA World Summit Awards светски познат настан кој избира и промовира локални дигитални иновации за подобрување на општествата. Учество ќе земат светски експерти со цел да ги селектираат победниците на наградите и победникот на mPreneur гала настанот што ќе се одржи следната година во Грац. mPreneur проектот е поддржан од Еразмус + програмата.

 

Facebook Коментари