Голема хуманитарна акција денеска и утре во Струга
Комисијата за еднакви можности при советот на Oпштина Струга, заедно со координаторот на проектот, во соработка со Црвен Крст Струга, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми март, а во рамки на реализација на годишната програма за активности од областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Струга за 2021 година, организира хуманитарна акција.

-Хуманитарната акција се состои од собирање на чиста облека, храна и хигиенски средства која ќе се донира во семејства од социјално ранливи категории, корисници на социјална парична помош и самохрани родители.-информираат организаторите.
Тие ги повикуваат сите хумани луѓе, чистата, неоштетена облека која не ја користат, храна и хигиенски средства да ја достават во Сала на Советот на Општина Струга ( до зграда на Народна одбрана) денеска и утре ( 8-ми и 9-ти март) во периодот од 11.00- 15.00 часот.
Strugaonline
