Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час од 22:00 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.
Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.
-Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, информира Министерството за здравство.
Facebook Коментари