Еден од најголемите руски уметници и вистински виртуоз на хармоника Јуриј Шишкин, на 17-ти јуни ќе се претстави пред охридската публика со концерт наменет за сите љубители на музичката уметност во нејзината најсофистицирана смисла.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква Св.Софија во Охрид, а почетокот е закажан за 19.30 часот.
На програмата се дела на Семјонов, Гонтаренко, Доренски, Лекуона, Рахмањинов, Римски-Корсаков и Менделсон.
Шишкин со своите виртуозни изведби на хармоника ги има освоено најголемите концертни подиуми во Холандија, Белгија, Германија, Финска, Шведска, САД, Канада, Кина, земјите од Латинска Америка и други. Изведува разновиден репертоар од светската литература за хармоника, но и адаптации за својот инструмент што го прославуваат како еден од највештите виртуози на хармоника.
Извор: ОхридПреc
Facebook Коментари