Градоначалникот Мерко со честитка за Рамазан, на верниците им посака лесен пост

- Локални
752

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко упати честитка за Рамазан за сите припадници на исламската вероисповед.

„На сите верници на исламската вероисповед, честит Рамазан, со најискрените и најдобрите желби ви посакувам лесен пост за време на овој свет и просперитетен месец.

Се надевам и посакувам овој месец да помине во мир и да ни послужи за зајакнување на солидарноста, хуманоста и почитта кон другите особено во овие тешки времиња, за зајакнување на толеранцијата и меѓусебното разбирање и пред сè да донесе благостостојба и радости во нашите семејства.“ – стои во честитката на градоначалникот.

Strugaonline

Facebook Коментари