Градоначалникот Мерко на работна средба со Тахир Хани и Рубин Земон

- Локални
818
Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко денеска оствари работна средба  со заменик Генералниот Секретар на Владата на РСМ  Г-дин  Тахир Хани и  со поранешниот  пратеник и Претседател на партијата ПОЕН Г-дин Рубин Земон.
Повод за состанокот беше петицијата за обезбедување на соодветно социјално домување и елементарни услови, потпишано од лица, семејства кои живеат покрај реката,,Црн Дрим“ во централното градско подрачје на Општина Струга, преку Европски Центар за Правата на Ромите, Брисел.
– Градоначалникот се согласи за целосна соработка во овој проект, заедно со главниот архитект на градот Г-дин Натмир Неџипи веќе ја започнаа постапката за обезебедување на потребната урбанистичка документација. Истовремено пратено е барање до Владата и до надлежните министрества за целосно исполнување на барањето.
Станува збор за околу четриесет семејства, кои живеат во куќи кои се изградени на државно земјиште, пред повеќе од шеесет години.-информираат од Општина Струга.

Facebook Коментари