Во Струга се отвара Основно музичко училиште

- Локални
1126
Во Струга ќе биде отворено Општинско основно музичко учлиште.
-Од иницијативата преземена и по многу институционални предизвици, исполнувајќи ги сите услови во едукативно – образовна сфера, градоначалникот Рамис Мерко го основа Музичкото основно училиште во Струга. Ова училиште ќе обезбеди нижo музичко образование со тоа што ќе им овозможи на учениците да учат и да свират на музички инструменти.-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека наскоро ќе биде објавен и оглас за пријавување на ученици за учебната година 2021/2022.
Strugaonline

Facebook Коментари