Лев банер Десен банер

Градоначалникот Мерко најавува изградба на Центар за рехабилитација во Струга

Градоначалникот Мерко најавува изградба на Центар за рехабилитација во Струга.

Тој оствари средба со  познатиот кардиокирург, Др. Орхан Џемаили, кој моментало работи во Швајцарија, и разговараа за изградба на центар за рехабилитација. Проектот ќе биде инвестиција од Швајцарија  во вредност од 8 милиони евра со можност за експанзија.

„На состанокот се зборуваше и за персоналот, така што стручниот персонал ќе го сочинуваат доктори од Швајцарија водени од страна на кардиохирургот Џемаили, додека техничкиот и помошниот персонал ќе бидат стручни лица од Струга, со што се отвараат нови работни места за граѓаните на Општина Струга.“ – се вели во соопштението од Општина Струга .

Strugaonline

error: