Лев банер Десен банер

Градоначалникот Мерко оствари средба со претставници на мониторниг мисијата на УНЕСКО

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, денеска се сретна со претставници на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“.
-На средбата се разговараше за моменталната состојба со крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува општина Струга, како и кои се најсоодветни чекори за во иднина со цел заштита на крајбрежјето и подобра урбана организација.-соопштуваат од Општина Струга.
Додаваат дека  целта на средбата беше проценка на моменталната состојба на заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и споделување на насоки за идните активности за соодветна заштита.
Strugaonline

error: