Мајката на Петар апелира: Ве молиме донирајте, се приближува закажаниот термин за операција во мај

- Локални, Македонија
271

Граѓаните уште еднаш имаат можност да ја покажат својата докажана хуманост и сите заедно да подадеме рака да му помогнеме на Петар кој има потреба од хируршка интервенција во Турција.

– Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра. Потребни се уште средства, а ние финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин, односно со донации. Затоа ве молам, хумани луѓе, донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе за успешно лекување на Петар, апелира Гордана Попоска, мајката на Петар.

Таа ги повикува сите хумани луѓе кои се во можност да донираат и да ги споделуваат апелите за помош.

– Се приближува закажаниот термин за операција во мај. Потребни сте ни за да ги собереме парите уште овој месец, додава Попоска.

Сите кои се во можност можат да донираат на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143460

Телеком 143 128

Facebook Коментари