Градоначалникот Мерко потпиша договор со Светска банка за реализација на проектот „Струга – Вашата туристичка дестинација“

- Локални
1433

Градоначалникот на Oпштина Струга, Г-дин Рамис Мерко потпиша договор со Светската банка за реализација на проектот „Струга – Вашата туристичка дестинација“ за реконструкција и проширување на патека за пешаци и велисопеди долж Охдриското Езеро и тоа почнувајќи од Евро Хотел, до крајот на патот за Калишта.

-Главната цел на проектот „Струга – вашата туристичка дестинација“ е локалниот развој и промовирање на туризмот што ќе има значителен придонес врз локалниот економски развој. Станува збор за изградба и реконструкција на патната инфраструктура, изградба и проширување на патека долга околу 3 км, долж патот на Охдридското Езеро, за пешаци и велисопеди, од двете страни на патот, што ќе служи за рекреација и воедно слободно движење на пешаци и велосипедисти.-информираат од Општина Струга.

Проектот е во вредност од 800 илјади евра и е заедничко финансирање на Општина Струга со Светската банка.

Тендерот е објавен од 02.03.2020 и ќе биде отворен до 30.03.2020. Сите заинтересирани подетално можат да се  информираат на веб-страната на Бирото за Јавни набавки.

Strugaonline

Facebook Коментари